СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: м-р Анета Џигерова - Претседател на совет, Благородна Аранѓелова и Имсале Хасани - членови на советот, со записничар Ајла Шех - помлад судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ, поднесена преку полномошник Абидин Абдулаи адвокат од Тетово, против Известување Број 10-685/2 од 05.03.2020 година, на тужениот орган Државна изборна комисија, на седницата одржана на 19.03.2020 година, согласно член 26 став 1 точка 2 од Законот за управните спорови, донесе решение Урп.бр.21/2020 со кое:
Тужбата на тужителот АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ, поднесена преку полномошник Абидин Абдулаи адвокат од Тетово, против Известување Број 10-685/2 од 05.03.2020 година, на тужениот орган Државна изборна комисија, СЕ ОТФРЛА.
Донесената одлука во целост ќе биде објавена најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение, во модулот “Одлуки” на веб страната на судот.