СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 27.10.2025 година вo 10,45 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.92/25, оформен по тужба поднесена од Искуство за успех - Либерално демократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на Ромите од Република Македонија, против Решение бр.11-3134/3 од 25.10.2025 година на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука:
Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот ИСКУСТВО за УСПЕХ-Либерално демократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Интегра - Македонска конзервативна партија и Партија за целоска еманципација на Ромите од РСМ од Скопје изјавена против Решение на Државна изборна комисија број 11-3134/3 од 25.10.2025 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Решението на Државна изборна комисија број 11-3134/3 од 25.10.2025 година, СЕ ПОТВРДУВА.
Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini