СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Новости  |  20.12.2016
РЕАКЦИЈА НА УПРАВЕН СУД

РЕАКЦИЈА НА УПРАВЕН СУД

 

 

Од страна на веб порталот Плус инфо беше објавено дека од страна на Управниот суд, за јавната седница закажана во 10,30 часот по предметот УРП.бр.516/16, не е навремено известен претставникот на Коалицијата предводена од Социјал демократскиот сојуз на Македонија, поради што истиот не бил во можност да присуствува на јавната седница.

Од страна на овој портал исто така беше објавено дека по овој предмет на Социјал демократскиот сојуз на Македонија, постапува совет составен од судиите Есма Алибашиќ Јонуз како претседател на советот и судиите Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, Тања Терзиева и Ељмедине Асани, како членови советот.

Во врска со ова Управниот суд соопштува дека од страна на овој портал се објавени во целост погрешни информации, од причини што советот составен од судиите Есма Алибашиќ Јонуз, Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, Тања Терзиева и Ељмедине Асани, се судии кои постапуваат и одлучуваат по предметот УРП.бр.517/16 заведен по тужбата на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на јавната седница која се одржа во 12.00 часот.

Исто така, Управниот суд потенцира дека на двете официјални веб страни на Судот беше јавно објавено соопштение за закажаната седница во 10,30 часот за предметот УРП.бр.516/16, а исто така беше испратен и e-mail на партијата со известување за закажаната седница, а на која присуството го остварија и новинари, како и претставници од мисијата ОБСЕ и претставници на граѓанското здружение МОСТ.

Од овие причини апелираме да не се објавуваат погрешни информации за работата на Судот која е во целост транспарентна и при постапувањето по сите поднесени тужби од партиите беше овозможено присуство на сите новинарски екипи и заинтересирани лица на одржаните јавните седници.

Управен суд

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_