СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

News  |  Jan 18, 2021
Соопштение за јавноста од Управен суд, во врска со информациите изнесени во одредени електронски медиуми за наводно "држење на над 5000 предмети во фиока"

                                                                 

                                                                                                      

                  РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА            REPUBLIKA E MAQEDONISË SE VERIUT

                                       УПРАВЕН СУД                                                    GJYKATA ADMINISTRATIVE

                                                СКОПЈЕ                                                                      SHKUP

 

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

Во врска со информациите изнесени во одредени електронски медиуми за наводно држење на над 5000 предмети во фиока во Управниот суд и нивно не доставување до Вишиот управен суд, и други содржани  невистини, како Претседател на Управниот суд ја информирам јавноста дека:

  • Заклучно со 31.12.2020 година, во Управниот суд има вкупно 1524 недоставени жалби до Вишиот Управен суд, но од нив повеќе од 75 % се поднесени во текот на 2020 година.
  • Во врска со овој податок, неопходно е кратко објаснување за пошироката јавност: имено, по изјавување на жалба против одлука на Управниот суд, следи една цела постапка пред самиот Управен суд:  доставување на жалбата на одговор и барање за доставување на списите до Судот од  страна на јавниот орган; доставување на одговорот на жалба на одговор до жалителот; во одредени случаи доставување на барање до Управата за јавни приходи за присилна наплата на судска такса.
  • За наводниот криминал со украдени предмети, за кои алармирала Царинската управа која барала да им се стави правосилност на пресудите во постапки иницирани од нив, во име на Управниот суд ја информираме јавноста дека ова тврдење е апсолутно неточно и малициозно, затоа што по барање за правосилност на 425 предмети од Царинската управа на РСМ, поднесено во 2019 година, решени во периодот од 2008 до 2012 година, Управниот суд постапил односно потврдил правосилност за вкупно 411 предмети, другите 14 се во фаза на постапување, бидејќи се работи за предмети по кои се донесени одлуки пред 10 и повеќе години.
  • Наводот дека во 2019 и 2020 година се застарени 85 предмети од областа на царинските прекршоци, е неточен, затоа што  се работи за 85 прекршочни предмети од сите видови прекршоци кои можат да бидат предмет на управен спор, од кои само 1 (еден) прекршок по кои е поведен управен спор е од областа на царина, за што се доставени детални прегледи до Судски совет на РСМ.
  • Наводите дека судиите или претседателите на Управниот суд, кои се споменуваат во јавно објавените информации во одредени портали се одговорни за горенаведените неточни тврдења, лично сметам дека се тенденциозни, особено што системските проблеми и состојби не можат да зависат од персоналните решенија, туку зависат од цел корпус на околности, ресурси и капацитети за непречено и нормално функционирање на секоја институција, што важи и за Управниот суд.
  • Во насока на претходно наведеното, а заради системското детектирање на  состојбите и проблемите, како и изнаоѓање на вистинските решенија за решавање на затекнатите состојби, даде големм придонес и изготвувањето на транспарентно објавената и достапна до јавноста “Функционална и  компаративна анализа на капацитетите на управното судство во РСМ”, проект кој беше реализиран со поддршка на Владата на Обединетото Кралство, во 2018 година, како дел од поддршката за реформите во судството, со директна вклученост и на сите судии и вработени во Управниот суд и Вишиот упревен суд.
  • Преку констатациите, насоките и препораките содржани во напред наведената Анализа, се пристапи кон решавање на состојбите и денес, со огромно задоволство констатирам дека е направен сериозен напредок, па управно-судската постапка веќе завршува во разумна временска рамка. Во оваа прилика, со гордост сакам да потенцирам дека вкупниот број на предмети во работа во Управниот суд на 31.12.2020 година е 4.389 предмети, што е речиси 20% помал од бројот на предмети со кои во 2008 година,Управниот суд ја започнал својата работа, а се превземени од  Врховниот суд на РМ и изнесувал 5409 предмети.
  • Би сакал да истакнам дека ниту јас како Претседател на Управниот суд, ниту службите задолжени за односи со јавноста, не сме биле контактирани од авторот и објавувачот на претходно наведените неточни информации и тврдења,  ниту пак сум изнел било какви обвинувања како што се наведува во објавената информација, кон било кој судија на Управниот суд, поранешните претседатели, или пак кон почитуваната актуелна  претседателка на Вишиот управен суд, со која имаме одлична соработка во справување и решавање на проблемите со кои се соочуваат двата суда.

Го поздравувувам и поттикнувам интересот на јавноста за работата на управното судство и посакувам стручната и пошироката јавност преку својот мониторинг на нашата работа да бидат наш контролор и коректив. Но, истовремено, се залагам за објективност во информирањето и за пренесување на точни, вистинити и проверени информации за секоја тема од областа на нашата работа. Неспорен факт е дека двата управни суда во државата функционираат со минимални ресурси под сите пропишани стандарди, што преставува сериозен предизвик за сите нас кои работиме во Управниот и Вишиот управен суд.

 

Сепак, вложувајќи многу труд и заложби, неспорен е фактот што и  Управниот суд и Вишиот управен суд се ажурни судови, за што јас лично изразувам благодарност и почитување до сите кои со својата макотрпна работа придонесуваат за подигнување  на интегритетот на управното судство.

Исто така, а во контекст на тенденциозното тврдење во информацијата дека Управниот суд барал помош од Државниот правобранител да ги избрка службите со кои раководи министерот Благој Бочварски, тврдам дека преку одличната институционала соработка со министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски, и со огромна подршка на Судскиот совет на РСМ, преку обезбедување на финансиски средства во износ од 48.500.000, денари, врз основа на изготвен проект за адаптација на објектот на старото МНР,  кои ни е доделен со Одлука на Владата на РСМ, убедени сме дека веќе во наредните 90 дена на странките и граѓаните на нашата држава, ќе им обезбедиме нормали услови за присуство на јавните расправи во 8 сали за судење на Управниот суд.

На крај, сакам да укажам дека и покрај предизвикот со кои се соочи  целиот свет, т.е. пандемијата COVID 19, и сериозните потешкотии предизвикани од неа, сепак сите судии и вработените во Судот, без исклучок, дадоа огромен придонес Управниот суд да ја заврши годината како ажурен суд и со најмал број на поднесени жалби кои не се доставени до повисокиот суд - Вишиот Управен суд, за што би сакал да изразам лична благодарност до сите вработени. Воедно, сметам дека лажните вести и неточните информации и тврдења,  не се духот на општествената одговорност и потреба секој поединец да придонесе за подобрување  и зголемување на капацитетот на институциите и подобрување на јавниот дискурс и перцепција за општествените  состојби.

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_