Промоција на Системот за аудио и видео снимање на судските расправи-SRS Femida и True Records Femida [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Промоција на Системот за аудио и видео снимање на судските расправи-SRS Femida и True Records Femida

Risi  |  2 Tet 2024
Промоција на Системот за аудио и видео снимање на судските расправи-SRS Femida и True Records Femida

Во просториите на Управниот суд на ден 01.10.2024 година беше одржана промоција на Системот за аудио и видео снимање на судските расправи-SRS Femida и True Records Femida, настан кој што е од особено значење за унапредување на судскиот систем, во насока на дигитализација на судството, зајакнување на транспарентноста, објективноста и професионализмот на судството, како цели и принципи предвидено со Развојната секторска стратегија за правосудството (2024-2028). На настанот присуствуваа гости-претставници од редот на судската и извршната власт, претставници на дипломатскиот кор како и новинари и медиумски куќи кои го проследија целиот настан.

На присутите им се обратија Претседателката на Судскиот совет г-ѓа. Весна Дамева, Министерот за правда г.Игор Филков и Претседателот на Управен суд г.Бурим Сејдини, кои го поздравија настанот и ја истакнаа важноста од имплементацијата на системот за аудио и видео снимање на судските расправи, кој несомнено ќе придонесе за зголемување на правната сигурност на граѓаните во судските постапки, враќање на довербата во правосудниот систем, како и зацврстување на принципот на владеење на правото, како еден од темелните вредности на уставниот поредок на РСМ.

Со воведување на тонското снимање на јавните расправи ќе се обезбеди посигурно забележување на исказите за фактите и доказите за кои се расправа во постапкта, а со тоа ќе се овозможи поефикасно, поефективно и потранспарентно правораздавање во судниците.

 

 

                                                                                           Претседател на Управен суд

                                                                                                       m-r Burim Sejdini

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_