СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
С О О П Ш Т Е Н И Е
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Драгослав Радичевски - претседател на советот, Лулзим Салиу и Габријела Михајловска - членови на советот, со записничар Љубица Стојковска Перковска - виш соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот Алијанса на Албанците на Република Македонија, изјавена преку овластениот претставник Алил Фетаи, против Решението на Државна изборна комисија, бр.11-2014/2 од 21.09.2017 година, за избор на листа на кандидати за избор на членови на совет и листата на кандидат за градоначалник, на седницата на советот одржана на ден 22.09.2017 година, согласно со член 67 од Изборниот законик донесе Пресуда Урп.бр.130/2017 со која тужбата на тужителот Алијанса на Албанците на Република Македонија, изјавена преку овластениот претставник Алил Фетаи, против Решението на Државна изборна комисија, бр.11-2014/2 од 21.09.2017 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Донесената одлука во целост ќе биде објавена најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение.