СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

News  |  May 17, 2024
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 17.05.2024 година во 22.10 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр. 92/24, оформен по тужба поднесена од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024, против Решение број УП1 10-6 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, ја донесе и јавно ја соопшти изреката на одлуката

Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 17.05.2024 година во 22.10 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр. 92/24, оформен по тужба поднесена од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024, против Решение број УП1 10-6 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, ја донесе и јавно ја соопшти изреката на одлуката

 

Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:

 

П Р Е С У Д А
 
Тужбата на тужителот Коалиција „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ Предводена од Демократска унија за интеграција (Движењето на народот - ДН Демократска партија на Албанците, Европска Демократска Партија - ЕДП, Демократска партија на Турците, Политичка Партија Унија на ромите УЕ, Политичка партија  Бошњачки Демократски Сојуз - БДС) Изборна кампања, Парламентарни избори 2024 година, изјавена против Решение УП1 10-6 од 14.05.2024 година на тужениот орган  Државна Изборна Комисија на Република Северна Македонија, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
 
Решението на Државна Изборна Комисија на Република Северна Македонија број УП1 10-6 од 14.05.2024 година, СЕ ПОТВРДУВА

 

Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик. 

 

Претседател на Управен суд

m-r Burim Sejdini

   


Decision search

Court
Case number
Date
_