Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

Надлежност на судот

Управниот суд, заради обезбедување судска заштита на правата и правните интереси на физичките и правните лица и заради обезбедување на законитоста, во управни спорови одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата, други државни органи, општините и градот Скопје, организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања), кога решаваат за правата и обврските во поединечни управни работи, како и за актите донесени во прекршочна постапка. Конкретно, Управниот суд е надлежен да решава:

 - за законитоста на поединечните акти донесени во изборната постапка и на поединечните акти за избори, именувања и разрешувања на носители на јавни функции, ако тоа е определено со закон, како и за актите за именување, назначување и разрешување на раководни државни службеници, ако поинаку не е определено со закон,

- за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата и носителите на јавни овластувања, донесени во форма на пропис, ако тие ги уредуваат поединечните односи,

- за спор што ќе произлезе од спроведувањето и извршувањето на одредбите на концесиските договори, договорите за јавни набавки кои се од јавен интерес и за секој договор во кој една од страните е државен орган, организација со јавни овластувања, јавно претпријатие, општините и градот Скопје, склучен од јавен интерес или заради вршење јавна служба (управен договор),

- против поединечни акти на органите на државната управа, Владата, други државни органи, општините и градот Скопје, организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања), кога за решавање во втор степен против таквиот акт, не е обезбедена друга правна заштита и

-одлучува за судир на надлежности меѓу органите на Републиката, меѓу општините и градот Скопје, меѓу општините на градот Скопје и по споровите настанати за судир на надлежности меѓу општините и градот Скопје и носителите на јавни овластувања, ако тоа е предвидено со закон, доколку со Уставот или законите не е предвидена поинаква судска заштита.

За извршување на работите од својот делокруг, Управниот суд користи два ката од зградата што се наоѓа на ул. Орце Николов б.б. во Скопје

ИСТОРИЈАТ
Стандардниот пасус Б
Стандардниот пасус В

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Новости  | 22.4.2024
    Тужбата на тужителот Јавна установа Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев„ Скопје, изјавена против Одлуката бр.12-1330/56 од 20.04.2024 година на Државната комисија за спречување на корупцијата, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА. [повеќе]
  • Сoопштение за одржување на јавна расправа

    Новости  | 22.4.2024
    На ден 22.04.2024 година со почеток во 15:30 часот во судница 2 ќе се одржи јавна расправа по предметот УРП.бр.81/24, заведен по поднесена тужба од Јавната установа Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ од Скопје, против Одлуката бр.12-1330/56 од 20.04.2024 на Државната комисија за спречување на корупција [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Новости  | 21.4.2024
    Управниот суд ја известува јавноста дека во Судот поднесена е тужба од Јавната установа Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ од Скопје против Одлуката бр.12-1330/56 од 20.04.2024 на Државната комисија за спречување на корупција [повеќе]

Сите вести