СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Risi, Njoftim për opinionin  |  22 Gsh 2017
Во врска со јавно искажаните мислења во Телевизија 24 Вести во новинарски прилог насловен "Експертите за судиите без имунитет"

                      

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

           УПРАВЕН СУД        

       Су-03.бр.0302-396/17

         21.08.2017 година

                 С к о п ј е

 

 

           До:

  •  Телевизија 24 Вести
  • Сите електронски и пишани медиуми

 

СОПШТЕНИЕ

Во врска со јавно искажаните мислења во Телевизија 24 Вести во новинарски прилог насловен „Експертите за судиите без имунитет“,  дека Претседателот на Управниот суд, може да ги изземе од одлучување управните судии, за кои се тврди дека им е одземен имунитетот, од евелнтуални приговори за изборите,  со Годишниот распоред за работа на судот,  Претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини,  согласно член 102 од Судскиот деловник, сo цел отворено и објективно информирање за работата на судот,  ја известува јавноста дека:

Судиите со Годишниот распоред за работа на  Управниот суд се определелени да работат предмети од одредена област, водејќи сметка за специализацијата, судскиот стаж и резултатите од работењето. Додека, во однос на изземањето на судија од работа по определен предмет или предмети, ја информирам јавноста, дека согласно Глава трета ИЗЗЕМАЊЕ, член 64 од Законот за парничната постапка:

„Судија или судија-поротник не може да ја врши судиската должност:

 1) ако самиот е странка, законски застапник или полномошник на странка, ако со странката е во однос на соовластеник, сообврзник или регресен обврзник или ако во истиот предмет е сослушан како сведок или вештак;

 2)ако постојано или привремено работи кај работодавец кој е странка во постапката;

 3) ако странката или законскиот застапник или полномошникот на странката му е роднина по крв во права линија до кој и да е степен, а во странична линија до четврти степен, или му е брачен другар, вонбрачен другар или роднина по сватовство до втори степен, без оглед дали бракот престанал или не;

 4) ако е старател, посвоител, посвоеник, хранител или храненик на странката, на нејзин законски застапник или полномошник;

 5) ако во истиот предмет учествувал во донесувањето на одлуката на понискиот суд или на друг орган и

6) ако постојат други околности што ја доведуваат во сомневање неговата непристрасност.“

Согласно член 65 став 2 од истиот закон, „Ако судијата или судија-поротник смета дека постојат други околности што ја доведуваат во сомневање неговата непристрасност (член 64 точка 6), тој за тоа ќе го извести претседателот на судот, кој ќе одлучи за изземањето“

            Значи, единствено во случај да постои некоја од причините наведени во член 64 од Законот за парничната постапка, Претседателот на судот донесува одлука за изземање на судија од постапување по одреден премет.

            Во врска со одлучувањето на Управниот суд, по тужбите за изборите, би сакале да ја информираме јавноста дека по однос на овие тужби се одлучува во совет од петмина судии избрани по пат на ждрепка, на јавна седница за која се информира јавноста и овластените преставници по чии тужби се одлучува, по извршена автоматска распределба на предметите во судот преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети, при тоа од автоматска распределба на предметите, согласно член 175 од Судскиот деловник,  може да биде исклучен единствено судија кој е отсустен подолго од пет работни дена.

            Имајќи го во предвид горе наведеното, ја известуваме јавноста, дека Претседателот на Управниот суд, законито ги извршува работите на судската управа, во согласност со законите и Судскиот деловник и дека искажаните мислења во Телевизија 24 Вести во новинарски прилог насловен „Експертите за судиите без имунитет“, не се засновани на законските одредби и одредбите на Судскиот деловник.

 

Со почит,

                                                                               

                                                                                 ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН СУД,

                                                                                               Бурим Сејдини

 

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_