Годишен извештај СПИЈК за 2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Годишен извештај СПИЈК за 2020 година

Risi  |  27 Jan 2021
Согласно член 36 од Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

                                                                  

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА       REPUBLIKA E MAQEDONISЛ SE VERIUT

                   УПРАВЕН СУД                                           GJYKATA ADMINISTRATIVE

                          СКОПЈЕ                                                                 SHKUP

 

          СУ-03.бр.0305-20/21

            21.01.2021 година

       Скопје   

Согласно член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл.весник на РСМ бр.101/2019), Управниот суд, со адреса ул Орце Николов бб, 1000 Скопјe, телефон 3203-202, e-mail emilija.dzonevska@usskopje.mk, службеното лице Емилија Џоневска, го подготви следниот

 

 

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

(од 1.01.2020 до 31.12.2020)

 

 

1. Службени лица определени за посредување на информации кај имателот на информации во Управниот суд, се Емилија Џоневска и Моника Китановска. Контактот со службените лица може да се оствари на тел: 3203-202 и на е-маил: emilija.dzonevska@usskopje.mk или на upravensud@usskopje.mk.

 

2. Во текот на 2020 година, во Управниот суд примени се вкупно 51 барање за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

3. Позитивно се одговорени 47 барања.

 

4. Одбиен е (1) еден барател по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и тоа согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Отфрлени се (3) три барања за слободен пристап до информации до информации од јавен карактер, и тоа согласно член 17 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

5. Немаше неодговорени барања.

 

6. Против решенијата на Управниот суд, како имател на информации од јавен карактер во текот на 2020 година, до Агенцијата се вложени дваесет и една (21) жалба.

 

7. Во текот на 2020 година, усвоена е една жалба со одлука на Агенцијата.

 

Исто така, во текот на 2020 година се усвоени и петнаесет (15) жалби од страна на Агенцијата, а кои се однесуваат на жалби кои биле поднесени до Агенцијата во текот на 2019 година.

 

8. Немаше преиначени првостепени одлуки по постапување на Агенцијата.

 

9. Во текот на 2020 година, одбиени се пет (5) жалби од страна на Агенцијата, од причини што имателот на информации постапил навремено и во законски предвидениот рок.

 

Исто така, во текот на 2020 година се одбиени четири (4) жалби од страна на Агенцијата, а кои се однесуваат на жалби кои биле поднесени до Агенцијата во текот на 2019 година. Ова од причини што имателот на информации постапил навремено и во законски предвидениот рок.

 

10.  Во текот на 2020 година, отфрлени се четиринаесет (14) жалби од страна на Агенцијата, од причини што жалбата била недопуштена или ненавремена  согласно член 26 и член 12 од од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Исто така, во текот на 2020 година се отфрлени шест (6) жалби од страна на Агенцијата, а кои се однесуваат на жалби кои биле поднесени до Агенцијата во текот на 2019 година. Oва, од причини што жалбата била недопуштена или ненавремена  согласно член 26 и член 12 од од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

 

Во текот на 2020 година, од страна на Агенцијата донесено е  (1) решение, со кое се запира постапката по жалба, поради тоа што барателот ја повлекол жалбата.

 

Забелешка:

 

По поднесени (3) три  предлози за повторување на постапката, од страна на Агенцијата се донесени две (2) решенија, со кои се одбива предлогот за повторување на постапката и (1) решение со кое предлогот за повторување на постапката, се отфрла.

 

 

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_