СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ




СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
По повод Европски ден на правдата што секоја година се обележува во сите држави во Европа и кај нас, а со цел доближување на правдата до граѓаните, како и одблиску запознавање со нејзиното спроведување, на 25-ти Октомври 2023 година,Управниот суд го посетија ученици од средно училиште Установа за стручно образование- СЕПУГС „Васил Антевски- Дрен“- Скопје иУстанова за стручно образование- СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје. При тоа, од наша страна беше организирано предавање заради запознавање со работата, активностите и надлежностите на Управниот суд, на кое учениците активно учествуваа, покажаа особен интерес преку поставување на прашања поврзани со работата на Судот и функционирањето на управното судството во Република Северна Македонија.Воедно, беше овозможено запознавање со начинот на одржување на јавните расправи, преку нивно непосредно присуство на истите.
Управен суд