СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  27.10.2025
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 27.10.2025 година вo 15,30 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.98/25, оформен по тужба поднесена од Политичката партија СОЈУЗ НА РОМИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА - локални избори 2025 година, застапувана од Габриел Бајрам-претседател на политичката партија и Сеад Исмаил-овластен подносител на листа на кандидати за градоначалник на општина Шуто Оризари и листа на кандидати за членови на општина Шуто Оризари, против Решение бр.11-3194/1 од 25.10.2025 година на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука

  

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 27.10.2025 година вo 15,30 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.98/25, оформен по тужба поднесена од Политичката партија СОЈУЗ НА РОМИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА - локални избори 2025 година, застапувана од Габриел Бајрам-претседател на политичката партија и Сеад Исмаил-овластен подносител на листа на кандидати за градоначалник на општина Шуто Оризари и листа на кандидати за членови на општина Шуто Оризари, против Решение бр.11-3194/1 од 25.10.2025 година на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука:

Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:

 

П Р Е С У Д А

 

Тужбата на тужителот Политичка партија СОЈУЗ НА РОМИТЕ од Република Северна Македонија, Скопје против Решението број «11-3194/2 од 25.10.2025 година на Државна Изборна Комисија, СЕ УВАЖУВА.

 

            Решението на ДИК број 11-3194/2 од 25.10.2025 година, СЕ ПРЕИНАЧУВА И СЕ ОДЛУЧУВА.

 

            Приговорот бр.11-3194/1 од 21.10.2025 година во постапката за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето за избирачко место бр.2961 за избор на членови на Советот на Општина Шуто Оризари, поднесен од  подносителот на листа на кандидати за членови на советите на општините и градоначалници на општините-Политичка партија СОЈУЗ НА РОМИТЕ од Република Северна Македонија, Скопје, преку овластено лице Габриел Бајрам-Сеад Исмаил од Скопје, СЕ УВАЖУВА.

 

            Резултатите од спроведеното гласање на избирачко место бр.2961 за избор на членови на Советот на Општина Шуто Оризари, СЕ ПОНИШТУВААТ.

.

Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.

 

                                                                                                Претседател на Управен суд

                                                                                                          m-r Burim Sejdini 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_