ЈАВЕН ОГЛАС БР.1/20 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС БР.1/20

Новости  |  14.1.2020
Јавен оглас за вработување судски службеници на определено време

Врз основа на член 23 од Законот за работните односи (пречистен текст) („Службен весник на Република Македонија“ бр.167/15), во врска со член 18 став 1 алинеја 2 и став 6 и член 25 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места на Управен суд:

 

 

УПРАВНИОТ СУД

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2020

За вработување судски службеници на определено време, за следните работни места:

 

 

  1. Виш судски соработник- Категорија В2 – 1 (еден) извршител-(определено);

 

Посебни услови:

-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со положен правосуден испит со најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 11 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18).

Нето плата ќе изнесува 26.011,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2020 година

 

3. Помлад судски соработник – Категорија В4 - 2 (два) извршители-(определено);

 

Посебни услови:

-стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со или без работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 11 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18).

Нето плата ќе изнесува 23.080,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок

Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2020 година

 

4. Судски соработник – Категорија В3 - 2 (два) извршител-(определено);

                        

Посебни услови:

-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со положен правосуден испит со најмалку 1 (една) година работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 11 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18).

Нето плата ќе изнесува 24.447,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2020 година

                                

5. Помлад судски референт (извршител во писарница) – Категорија Г4 - 3 (три) извршители-(определено);

                        

Посебни услови:

-најмалку вишо или средно образование со или без работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 12 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18).

Нето платата ќе изнесува 15.200,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2020 година

                                   

     6. Судски референт (дактилограф) – Категорија Г3 - 2 (два) извршители-(определено);

                        

Посебни услови:

-најмалку вишо или средно образование, со најмалку една година работно искуство во струката

 - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 12 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18).

Нето плата ќе изнесува 16.888,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2020 година

 

 

 

  1. Возач – 1 (еден) извршител-(определено);

                        

Услови што се бараат за вршење на работата:

-најмалку средно образование и да поседува возачка дозвола од „Б“ категорија подолго од една година со или без работно искуство во струката

Нето плата ќе изнесува 14.796,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2020 година

 

Покрај наведените посебни услови, предводени во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Управен суд, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување, предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18), и тоа:

  • Да е државјанин на Република Македонија,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • Да е полнолетен,
  • Да има општа здравствена способност за работното место и
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

 

Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат пријава за вработување (Образец) како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или копија заверена на нотар, по пошта или преку архивата на судот.

Кандидатите се должни во пријавата задолжително да наведат име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, припадност на заедница, адреса и место на живеење, контакт адреса, електронска адреса, контакт телефон, работното место и бројот на оглас за кои кандидатот се пријавува.Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.Ненавремени и неуредни молби нема да бидат предмет на разгледување.

Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто ќе се објават на интернет страницата на судот.

Кандидатите пријавата можат да ја поднесат во писмена форма преку приемното одделение на Управен суд или по пошта на адреса ул.Орце Николов ББ Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување бр.1/2020).

 

 

                                                                     Претседател на Управниот суд

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_