СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  12.11.2025
Учество на Регионална конференција во Белград, Р. Србија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

Учество на Регионална конференција во Белград, Р. Србија

Претседателот на Управниот суд m-r Burim Sejdini, учествуваше на Регионалната конференција на управните судови посветена на темата Влијанието на реформските процеси во ефикасноста на заштитата во Управниот спор“ која се одржа на 7 ноември 2025 година во Белград, во организација на Управниот суд на Република Србија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Србија. Поради надлежноста на Управниот суд во врска со предмети поврзани со изборниот процес во Република Северна Македонија, Локални избори 2025 кој што беше во тек, Претседателот на Управниот суд своето учество го оствари преку онлајн приклучување на Конференцијата.

Конференцијата беше посветена на реформските процеси во управно-судските постапки на земјите од регионот. На настанот беа презентирани анализи и искуства поврзани со функционирањето на управните судови во земјите од регионот, како и предизвиците со кои се соочуваат судовите при обезбедување ефективна правна заштита и владеење на правото.

Во своето излагање Претседателот на Управниот суд m-r Burim Sejdini се осврна на управниот спор и новините воведени со Законот за управните спорови од 2019 година, нивната примена во пракса, како и на целокупниот реформски процес на управното судство во Република Северна Македонија кој започна со примената на Законот во 2020 година, што претставуваше не само реформа на постапката, туку и проширување на просторните и технички капацитети на Управниот суд. Посебен акцент беше ставен и на проектот за Дигитализација на управното судство - проект во согласност со точката 2.5. од Акцискиот план за спроведување на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024-2028, насловена како „Зголемување на ефикасноста и ефективноста на управното судство.”, кој во моментот е во фаза на имплементација и е со цел унапредување на транспарентноста, ефикасноста и пристапот до правдата.

 

                                                                            Претседател на Управен суд

                                                   m-r Burim Sejdini

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_