СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 27.10.2025 година вo 21,50 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.101/25, оформен по тужба поднесена од Политичката партија СОЈУЗ НА РОМИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА - локални избори 2025 година, застапувана од Габриел Бајрам-претседател на политичката партија и Сеад Исмаил-овластен подносител на листа на кандидати за градоначалник на општина Шуто Оризари и листа на кандидати за членови на општина Шуто Оризари, против Решение бр.11-3198/2 од 25.10.2025 година на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука:
Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот Политичка партија СОЈУЗ НА РОМИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА со седиште во Скопје, претставувана преку Габриел Бајрам претседател на политичката партија и Сеад Исмаил-овластен подносител на листа на кандидати за градоначалник на општина Шуто Оризари и листа на кандидати за членови на совет на општина Шуто Оризари, против решението на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија Бр.11-3198/2 од 25.10.2025 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Решението на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија Бр.11-3198/2 од 25.10.2025 година, СЕ ПОТВРДУВА.
Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini