СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  17.5.2024
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 17.05.2024 година во 15:10 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр. 91/24, оформен по тужба поднесена од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024, против Решение број УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, ја донесе и јавно ја соопшти изреката на одлуката

Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 17.05.2024 година во 15:10 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр. 91/24, оформен по тужба поднесена од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024, против Решение број УП1 10-17/1  од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, ја донесе и јавно ја соопшти изреката на одлуката:

 

Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:

 

П Р Е С У Д А

 

            Тужбата на тужителот Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ Предводена од Демократска унија за интеграција Движењето на народот ДН демократска партија на Албанците Европска Демократска Партија ЕДП Политичка Партија Бошњачки Демократски Сојуз БДС Изборна Кампања 2024 од Скопје изјавена против Решение УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година на тужениот орган  Државна Изборна Комисија на Република Северна Македонија за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Северна Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево , СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

 

             Решението на Државна Изборна Комисија на Република Северна Македонија број УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година, за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Северна Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево, СЕ ПОТВРДУВА.

 

 

Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик. 

 

Претседател на Управен суд

m-r Burim Sejdini

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_