Јавен оглас бр.4/19 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.4/19

Новости  |  31.10.2019
Самостоен судски референт,Сметководител

        

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

              УПРАВЕН СУД

      Су-04.бр.0401-1084/2019

           29.10.2019 година

           С к о п ј е

                                                                            

 

 

            Врз основа на член 25 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014) во врска со член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.198/18):

 

УПРАВНИОТ СУД

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.4/2019

За вработување судски службеник на неопределено време, за следното работно место:

 

  1. Самостоен судски референт,Сметководител-Категорија Г, Ниво Г1 – 1 (еден) извршител-(неопределено);

Посебни услови:

-најмалку вишо или средно економско образование и најмалку 3 години работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 12 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18) како и Уверение за овластен сметководител согласно Законот за вршење на сметководствени работи.

- Нето платата ќе изнесува 19.110,00 денари

- Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок. 

Покрај наведените посебни услови, предводени во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Управен суд, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување, предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18) и тоа:

  • Да е државјанин на Република Македонија,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • Да е полнолетен,
  • Да има општа здравствена способностза работното место и
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

 

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена, сметано од денот на објавување на огласот. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат пријава за вработување (Образец) како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или копија заверена на нотар, по пошта или преку архивата на судот.

Кандидатите се должни во пријавата задолжително да наведат име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, припадност на заедница, адреса и место на живеење, контакт адреса, електронска адреса, контакт телефон, работното место и бројот на оглас за кои кандидатот се пријавува.Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.Ненавремени и неуредни молби нема да бидат предмет на разгледување.

Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто ќе се објават на интернет страницата на судот.

Кандидатите пријавата можат да ја поднесат во писмена форма преку приемното одделение на Управен суд или по пошта на адреса ул.Орце Николов ББ Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување бр.4/19

                                                                     Претседател на Управниот суд                            

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_