СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Средба со Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР
Претседателот на Управниот суд m-r Burim Sejdini, во просториите на Управниот суд, оствари работна средба со Претставникот на Набљудувачката мисија на изборите на ОБСЕ/ОДИХР, Радивоје Ѓрујич-правен аналитичар во делот на приговори, жалби и тужби поврзани со изборниот процес.
На средбата беа презентирани заклучните согледувања во процесот на правораздавањето во однос на изборниот процес, согласно Извештајот со прелиминарни заклучоци изготвен од Опсерваторијата за набљудување на изборите при ОБСЕ, кој се однесува на текот на изборниот процес, а во кој е содржана позитивна оцена за работењето на Судот.
Имено, Во извештајот се наведува дека Управниот суд постапувал темелно, ефективно и навремено по предметите оформени по поднесените тужби на одлуките на Државната изборна комисија, постапувајќи согласно законските прописи. При разгледувањето на предметите, Судот обезбедил транспарентност, фер постапка и донел образложени одлуки во законски предвидените рокови.
Двете страни го изразија задоволството од ваквото постапување кое несомнено придонесува кон зголемување на довербата во изборниот процес и унапредување на изборната правда во целина.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini