Склучен меморандум за соработка помеѓу Управниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Склучен меморандум за соработка помеѓу Управниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје

Новости  |  27.3.2023
Управниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје, согласно заедничката заложба за модерен и ефикасен правосуден систем воспоставен по највисоки европски стандарди на ден 22.03.2023 година склучија Меморандум за соработка

Управниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први Скопје, согласно заедничката заложба за модерен и ефикасен правосуден систем воспоставен по највисоки европски стандарди  на ден 22.03.2023 година склучија  Меморандум за соработка. Соработката  ќе се одвива  во рамки на законските надлежности на двете страни и  ќе вклучува:  ангажирање на судии од Управниот суд за вклучување во стручниот и апликативен дел  од наставата  од акредитираните  наставни програми на Правниот факултет  „Јустинијан ПрвиСкопје; учество на стручен кадар  од редовните професори, вонредните професори, доцентите, асистентите и демонстраторите  на Правниот факултет „Јустинијан ПрвиСкопје во спроведувањето  на активностите  за обука  на вработените во Управниот суд, а организирани од страна  на Управниот суд; соработка во организирање  на конференции, семинари, работилници, тркалезни маси и обуки; овозможување  на практикантска  и волонтерска  работа  во Управниот суд за помош во спроведување  на секојдневнитe активности на судот, за студентите  на прв и втор циклус на Правниот факултет „Јустинијан Први Скопје; заедничко изготвување на анализи, стручни  и научни мислења и истражувања и размена на информации; соработка во делот  на подготовка, понуда и насочување  кон избор на можни теми за изготвување  на практични/апликативни магистерски и докторски  тези на теми кои се релевантни за развој и унапредување  на владеењето на правото и управното судство како и други  останати активности во рамките на меѓусебната соработка. 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_