Склучен меморандум за соработка помеѓу Управниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Склучен меморандум за соработка помеѓу Управниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје

Управниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје, согласно заедничката заложба за модерен и ефикасен правосуден систем воспоставен по највисоки европски стандарди на ден 22.03.2023 година склучија Меморандум за соработка. Соработката ќе се одвива во рамки на законските надлежности на двете страни и ќе вклучува: ангажирање на судии од Управниот суд за вклучување во стручниот и апликативен дел од наставата од акредитираните наставни програми на Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје; учество на стручен кадар од редовните професори, вонредните професори, доцентите, асистентите и демонстраторите на Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје во спроведувањето на активностите за обука на вработените во Управниот суд, а организирани од страна на Управниот суд; соработка во организирање на конференции, семинари, работилници, тркалезни маси и обуки; овозможување на практикантска и волонтерска работа во Управниот суд за помош во спроведување на секојдневнитe активности на судот, за студентите на прв и втор циклус на Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје; заедничко изготвување на анализи, стручни и научни мислења и истражувања и размена на информации; соработка во делот на подготовка, понуда и насочување кон избор на можни теми за изготвување на практични/апликативни магистерски и докторски тези на теми кои се релевантни за развој и унапредување на владеењето на правото и управното судство како и други останати активности во рамките на меѓусебната соработка.