СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  07.3.2024
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Марта Телегравчиска - претседател на советот, Рамије Цара и м-р Ѓоко Живковски - членови на советот, со записничар Анета Стевановиќ - виш судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот Николче Николески од Охрид со привремен престој во Република Словенија, против решението на Државна изборна комисија на Република Северна Македонија Бр.УП1 12-412 од 06.03.2024 година, за запишување во посебниот извод од Избирачкиот список за гласање во Дипломатско конзуларно претставништво бр.412 од 06.03.2024 година, на нејавна седница на советот одржана на ден 07.03.2024 година, согласно со член 51 став 3 од Изборниот законик, донесе решение УРП.бр.61/2024

 

         УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Марта Телегравчиска - претседател на советот, Рамије Цара и м-р Ѓоко Живковски - членови на советот, со записничар Анета Стевановиќ - виш судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот Николче Николески од Охрид со привремен престој во Република Словенија, против решението на Државна изборна комисија на Република Северна Македонија Бр.УП1 12-412 од 06.03.2024 година, за запишување во посебниот извод од Избирачкиот список за гласање во Дипломатско конзуларно претставништво бр.412 од 06.03.2024 година, на нејавна седница на советот одржана на ден 07.03.2024 година, согласно со член 51 став 3 од Изборниот законик, донесе решение УРП.бр.61/2024 со кое:

            Тужбата на тужителот Николче Николески од Охрид, СЕ УВАЖУВА.

            Решението на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија Бр.УП1 12-412 од 06.03.2024 година, СЕ ПОНИШТУВА И СЕ ОДЛУЧУВА:

       Пријавата на Николче Николески од Охрид за гласање на претстојните Претседателски и Парламентарни Избори за 2024 година во Дипломатско конзуларното претставништво/конзуларна канцеларија на Република Северна Македонија во Љубљана, Е ОСНОВАНА.

       Николче Николески од Охрид, СЕ ЗАПИШУВА во Посебниот извод од Избирачкиот список за гласање во Дипломатско конзуларното претставништво/конзуларна канцеларија на Република Северна Македонија во Љубљана бр.412.

           Ова решение е составен дел на потпишаниот Избирачки список од страна на Државната изборна комисија. 

 

Донесената одлука во целост ќе биде објавена најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение, во модулот “Одлуки” на веб страната на судот.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_