СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  09.11.2025
Соопштение за транспарентно, навремено и успешно постапување на Управниот суд во управно-судските постапки поврзани со изборниот процес - локални избори 2025 година

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

Соопштение за транспарентно, навремено и успешно постапување на Управниот суд во управно-судските постапки поврзани со изборниот процес - локални избори 2025 година.

Претседателот на Управниот суд m-r Burim Sejdini, со цел отворено и објективно информирање на јавноста за управно судските постапки в.в со изборниот процес – локални избори 2025 година, а кои се од особен јавен интерес, за сите судски предмети кои беа оформени по тужби по членовите 148, 149 и 149-а од Изборниот законик, навремено ја информираше јавноста согласно одредбите од Изборниот законик, преку соопштенија објавени на веб пораталот на Судот, за пристигнати и оформени судски предмети, закажани јавни расправи, како и донесени одлуки по истите.

Во таа насока, Управниот суд постапките по тужбите поднесени против одлуките на Државната изборна комисија од подносителите на листи на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето ги одлучи навремено, во законски предвидениот рок од 24 часа согласно Изборниот законик, при што пред донесување на одлуката и јавно објавување на истата, за секој оформен предмет задолжително беше одржана и јавна седница по предметот.

Заклучно, може да се констатира дека Управниот суд изборните предмети оформени по поднесените тужби ги заврши навремено, транспарентно и успешно, што претставува потврда за неговата ефикасност, непристраност и посветеност кон заштита на изборните права на граѓаните и учесниците во изборниот процес, со високо ниво на правна прецизност, објективност и посветеност на принципот на владеење на правото.

 

                                                                                              Претседател на Управен Суд

                                                                          m-r  Burim Sejdini

 

                                                        

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_