Известување во врска со извршен надзор од Министерство за Правда во Управен суд [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Известување во врска со извршен надзор од Министерство за Правда во Управен суд

Новости  |  16.10.2023
Известување во врска со извршен надзор од Министерство за Правда во Управен суд

Почитувани,

Во прилог на ова Соопштениe го објавувамеЗаписникот од спроведен надзор во Управниот суд од страна на Надзорната комисија при Министертвото за правда, во врска со кој даваме кратко резиме во поглед на констатираните правилности во функционалноста на АКМИС и забелешки како препораки за надминување на констатираните состојби во Судот.

По однос на предметните точки на контрола, а кои се однесуваат на автоматска и рачна распределба и прераспределба на предмети, нотирано е дека истите исклучиво се вршат преку автоматизираниот компјутерски систем АКМИС, согласно одредбите од Судскиот деловник. За сите рачно распределени предмети, нотирано е дека истите се вршат исклучиво поради спојување на досие со претходно заведен предмет, со електронски евидентирана причина за нивно поврзување, а согласно одредбите од  Судскиот деловник. Годишните распореди како и нивните измени, записниците од одржани седници на судии, како и сите пропишани акти кои треба да се донесат согласно Закон и Судски деловник од страна на судската управа односно Претседателот на судот, се уредно донесени, евидентирани и физички перфорирани како составен дел од досието на предметот.

Во Судот редовно се изготвуваат месечни и периодични извештаи за работата на Судот, во контролираниот период се вршат редовни контроли од страна на повисокиот суд, а исто така пракса во Судот е применувајќи го Судскиот деловник да се спроведуваат редовни и вонредни контроли над судските писарници. Воедно, од сите претходно споменати контроли, а видно од приложените акти на увид на Надзорната комисија, општа констатација е дека по сите минорни аномалии и проблематични состојби за кои е констатирано дека е потребно да се превземат дејствија за надминување на истите, издадени се соодветни наредби и задолженија, кои даваат позитивен резулатат во надминување на така детектираните проблематични состојби, а особено во делот на одлучувањето по стари предмети во неколку наврати од странана Претседателот на судот издадени се наредби за приоритетно постапување по истите, со кое нешто бројот на стари нерешени предмети е значително намален. 

Во однос на препораките дадени од Комисијата, истите се однесуваат на пополнување на неопходните работни места во Судот, проблемот со погрешно заведени предмети, а кои нешта зависат од надворешни надлежни тела при Судскиот совет на РСМ, односно Врховниот суд на РСМ. Исто така, и покрај вложените заложби за воспоставување и примена на дигитализацијата во Судот, односно скенирање на влезните документи, покрај проблемот со недостаток на човечки ресурси, потребно е да се надмине и недостатокот на целосна техничка хардверска опрема за нивна реализација.

Од се горе наведено  Управниот суд, односно вработените, судиите и јас како Претседател на истиот, особено сме горди на вака утврдената фактичка состојба во функционалноста на АКМИС и целокупните превземени дејствија од страна на секој вработен во судот, на начин на кој ниту еден граѓанин не е оштетен, туку напротив Управниот суд се залага секој граѓанин да добие навремена правна заштита.

 

Претседател на Управен суд,

m-r Burim Sejdini

 

Линк до извештајот доставен од Министерство за Правда

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_