ЈАВЕН ОГЛАС БР.2/2022
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ОГЛАС БР.2/2022
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА REPUBLIKA E MAQEDONISË SE VERIUT
УПРАВЕН СУД GJYKATA ADMINISTRATIVE
СКОПЈЕ SHKUP
СУ-04.бр.0401-273/2022
15.07.2022 година
Скопје
Врз основа на член 23 од Законот за работните односи (пречистен текст) („Службен весник на Република Македонија“ бр.167/15), во врска со член 18 став 1 алинеја 2 и став 6 и член 25 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места на Управен суд:
УПРАВНИОТ СУД
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2022
За вработување на 4 (четири) судски службеници на определено време, за следните работни места:
1. Виш судски соработник- Категорија В, ниво В2 – 1 (еден) извршител-(определено);
Посебни услови:
-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со положен правосуден испит со најмалку 2 (две) години работно искуство во струката
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 11 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18).
Нето плата ќе изнесува 26.595,00 денари
Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00
до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок
Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2022 година
2. Судски соработник – Категорија В, ниво В3 - 3 (три) извршители- (определено);
Посебни услови:
-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со положен правосуден испит со најмалку 1 (една) година работно искуство во струката
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 11 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18).
Нето плата ќе изнесува 25.696,00 денари
Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00
до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок
Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2022 година
Покрај наведените посебни услови, предводени во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Управен суд, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување, предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18), и тоа:
- Да е државјанин на Република Македонија,
- Активно да го користи македонскиот јазик,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена способност за работното место и
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Кандидатите се должни да поднесат пријава за вработување (Образец) како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или копија заверена на нотар, по пошта или преку архивата на судот.
Кандидатите се должни во пријавата задолжително да наведат име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, припадност на заедница, адреса и место на живеење, контакт адреса, електронска адреса, контакт телефон, работното место и бројот на оглас за кои кандидатот се пријавува. Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка. Ненавремени и неуредни пријави нема да бидат предмет на разгледување.
Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто ќе се објават на интернет страницата на судот.
Кандидатите пријавата можат да ја поднесат во писмена форма преку приемното одделение на Управен суд или по пошта на адреса ул.Даме Груев бр.6 Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување бр.2/2022).
Претседател на Управниот суд
m-r Burim Sejdini