СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
С О О П Ш Т Е Н И Е
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: м-р Ѓоко Живковски – претседател на советот, и судиите Имсале Хасани, м-р Анета Џигерова, Даниела Антовска и Нада Иванова - членови на советот, со записничар Добрила Бришкоска Арсова - виш судски соработник, решавајќи по тужбата на тужителот ВМРО - ДПМНЕ (ВМРО - ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО) – подносител на листата за кандидат за градоначалник на Општина Ново Село, поднесена преку овластениот подносител Игор Јанушев од Велес, против Решението на Државната изборна комисија Број УП 1 9-107 од 09.05.2019 година, на јавна седница одржана на ден 11.05.2019 година, донесе пресуда Урп.бр.28/2019 со која
Тужбата на тужителот ВМРО - ДПМНЕ (ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО) – подносител на листата за кандидат за градоначалник на Општина Ново Село, поднесена преку овластениот подносител Игор Јанушев од Велес, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Решението на Државната изборна комисија УП 1 9-107 од 09.05.2019 година, СЕ ПОТВРДУВА.
Донесената одлука во целост ќе биде објавена најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение, во модулот “Одлуки” на веб страната на судот.