СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Risi  |  29 Sht 2020
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Марта Телегравчиска - претседател на советот, Рамије Цара и м-р Ѓоко Живковски - членови на советот, со записничар Анета Стевановиќ - судски соработник, решавајќи по Тужбата и Предлогот за донесување на времена мерка на тужителите ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје застапувана од Димитар Бојаџиоски од Скопје в.д. член на Управен одбор, ГОФИ-Група на финансирање и инвестиции СА-Мелиде Швајцарија со седиште во Швајцарија и Е.Х.Х Eастерн Хемиспхере Холдинг СА со седиште во Торино застапувани од Управителот Родолфо Пацоли од Бреџа во Лугано преку полномошник Коста Костовски од Скопје, поднесена преку заеднички овластен полномошник – адвокат Славко Секулов од Скопје, против Решението на Народната банка на Република Северна Македонија, донесена од Гувернерот Анита Ангеловска Бежоска од Скопје бр.15-20139/1 од 12.08.2020 година, согласно член 14 став 1 од Законот за управните спорови во врска со член 203 став 2 од Законот за парничната постапка, на седницата одржана на ден 25.09.2020 година, донесе Решение У-6.бр.1553/2020 и У-6.бр.1554/2020

 

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Марта Телегравчиска - претседател на советот, Рамије Цара и м-р Ѓоко Живковски - членови на советот, со записничар Анета Стевановиќ - судски соработник, решавајќи по Тужбата и Предлогот за донесување на времена мерка на тужителите ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје застапувана од Димитар Бојаџиоски од Скопје в.д. член на Управен одбор, ГОФИ-Група на финансирање и инвестиции СА-Мелиде Швајцарија со седиште во Швајцарија и Е.Х.Х Eастерн Хемиспхере Холдинг СА со седиште во Торино застапувани од Управителот Родолфо Пацоли од Бреџа во Лугано преку полномошник Коста Костовски од Скопје, поднесена преку заеднички овластен полномошник – адвокат Славко Секулов од Скопје, против Решението на Народната банка на Република Северна Македонија, донесена од Гувернерот Анита Ангеловска Бежоска од Скопје бр.15-20139/1 од 12.08.2020 година, согласно член 14 став 1 од Законот за управните спорови во врска со член 203 став 2 од Законот за парничната постапка, на седницата одржана на ден 25.09.2020 година, донесе  Решение У-6.бр.1553/2020 и У-6.бр.1554/2020, со кое

 

I

 

Тужбата на тужителите ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, ГОФИ-Група на финансирање и инвестиции СА-Мелиде Швајцарија со седиште во Швајцарија и Е.Х.Х Eастерн Хемиспхере Холдинг СА со седиште во Торино, изјавена против Решението на Народната банка на Република Северна Македонија, донесена од Гувернерот Анита Ангеловска Бежоска од Скопје бр.15-20139/1 од 12.08.2020 година, СЕ ОТФРЛА.

 

II

 

Предлогот на тужителите ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, ГОФИ-Група на финансирање и инвестиции СА-Мелиде Швајцарија со седиште во Швајцарија и Е.Х.Х Eастерн Хемиспхере Холдинг СА со седиште во Торино, Судот да донесе времена мерка за одложување на извршувањето на оспореното Решение на Народната банка на Република Северна Македонија, донесена од Гувернерот Анита Ангеловска Бежоска од Скопје бр.15-20139/1 од 12.08.2020 година и времена мерка заради времено регулирање на состојбите, се до правосилно одлучување по поднесената тужба за управен спор заведена под У-6.бр.1554/2020, СЕ ОТФРЛА.

Наведеното Решение е донесено со образложение дека во конкретниот случај над субјектот „Еуростандард банка“ АД Скопје е отворена стечајна постапка и согласно Законот за стечај и Законот за трговски друштва е извршена промена на податоците во Централниот регистар на Република Северна Македонија на субјектот во називот како ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје EUROSTANDARD Bank AD Skopje - во стечај или кратко име ECB-АД Скопје ESB-AD Skopje-во стечај, каде овластено лице е стечајниот управник Душко Тодевски и само тој има овластувања да го застапува субјектот во правниот промет. Од овие причини, Управниот суд ја отфрли тужбата на тужителите поради непостоење на активна легитимација, а согласно членот 203 став 2 од Законот за парнична постапка, на чија примена упатува членот 14 став 1 од Законот за управните спорови.

Судот при одлучувањето го имаше предвид и посебното барање - Предлогот за донесување на времена мерка за одлагање на извршување на оспореното решение, но фактот дека Судот со ова решение одлучи за тужбата, барањето за донесување решение за времена мерка е беспредметно. Ова од причина што времената мерка во управниот спор ја следи судбината на тужбата.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_