О Г Л А С [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

О Г Л А С

Новости  |  23.5.2018
Објавување јавен оглас за вработување судски службеници во Управниот суд

           

Република Македонија

                  УПРАВЕН СУД

             Су-04.бр.0401-151/18

               17.05.2018 годинa

                      С к о п ј е

 

 

                                                                            

До

Нова Македонија
Скопје

 

 

Предмет: Објавување јавен оглас за вработување судски службеници во Управниот суд

 

     

            Во врска со вработувањето судски службеници во Управниот суд, Ве молиме да објавите јавен оглас со следната содржина:

 

 

            Врз основа на член 23 од Законот за работните односи (пречистен текст) („Службен весник на Република Македонија“ бр.167/15) во врска со член 18 став 1 алинеја 2 и став 6 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места на Управен суд Су-04.бр.0101-18/15 од 27.01.2015 година и Су-04.бр.0101-390/15 од 30.09.2015 година:

 

 

УПРАВНИОТ СУД

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2018

За вработување судски службеници на определено време, за следните работни места:

 

  1. Виш судски соработник- Категорија В2 – 2 (два) извршители

 

Посебни услови:

-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со положен правосуден испит со најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) со соодветен степен на познавање согласно член 11 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014), што се докажува со сертификат.

 

Нето плата ќе изнесува 26.011,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2018 година

 

2. Помлад судски соработник – Категорија В4 - 3 (три) извршители;

 

Посебни услови:

-стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со или без работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) со соодветен степен на познавање согласно член 11 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014), што се докажува со сертификат.

 

Нето плата ќе изнесува 23.080,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок

Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2018 година

 

  1. Судски соработник – Категорија В3 - 2 (два) извршители;

                        

Посебни услови:

-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со положен правосуден испит со најмалку 1 (една) година работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) со соодветен степен на познавање согласно член 11 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014), што се докажува со сертификат.

 

Нето плата ќе изнесува 24.447,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2018 година

                                

  1. Помлад судски референт (извршител во писарница) – Категорија Г4 - 2 (два) извршители;

                        

Посебни услови:

-најмалку вишо или средно образование со или без работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) со соодветен степен на познавање согласно член 12 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014), што се докажува со сертификат.

 

Нето платата ќе изнесува 15.200,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2018 година

                                   

5. Судски референт (доставувач) – Категорија Г3 - 1 (еден) извршител;

                        

Посебни услови:

-најмалку вишо или средно образование и да поседува возачка дозвола од „Б“ категорија подолго од една година со најмалку една година работно искуство во струката

 - Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) со соодветен степен на познавање согласно член 12 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014), што се докажува со сертификат.

 

Нето платаќе изнесува 16.888,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2018 година

 

  1. Возач – 1 (еден) извршител;

                        

Услови што се бараат за вршење на работата:

-најмалку средно образование и да поседува возачка дозвола од „Б“ категорија подолго од една година со или без работно искуство во струката

 

Нето плата ќе изнесува 14.796,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

Времетраење на работниот однос-определено до 31.12.2018 година

 

Покрај наведените посебни услови, предводени во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Управен суд, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување, предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014) и тоа:

 

  • Да е државјанин на Република Македонија,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • Да е полнолетен,
  • Да има општа здравствена способностза работното место и
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

 

Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат пријава за вработување (CV и писмо за мотивација) како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или копија заверена на нотар.

Кандидатите се должни во пријавата задолжително да наведат име и презиме, адреса на живеење, контакт адреса, работното место и бројот на оглас за кои кандидатот се пријавува, e-mail адреса како и телефонски број за контакт.

Ненавремени и неуредни молби нема да бидат предмет на разгледување.

Изборот ќе се изврши во рок 20 дена од завршување на огласот.

Кандидатите пријавата односно молбата можат да ја поднесат во писмена форма преку приемното одделение на Управен суд или по пошта на адреса ул.Орце Николов ББ Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување бр.1/18).

 

 

 

                                                                     Претседател на Управниот суд

                                                                                                          Бурим Сејдини                             

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_