СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Новости
|
20.9.2017
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите Нада Иванова како претседател на советот, Мустафа Шахини и Весна Јовановска – членови на советот, со записничарот Емилија Џоневска – судски советник, решавајќи по тужбата на тужителот Оливер Андонов од Скопје, за поништување на Одлуката на Државната комисија за спречување на корупција Бр.12-5722/3 од 05.09.2017 година, по основ на оценка за непочитување на одредбата од член 8-а од Изборниот законик, советот на нејавната седница одржана на 20.09.2017 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите Нада Иванова како претседател на советот, Мустафа Шахини и Весна Јовановска – членови на советот, со записничарот Емилија Џоневска – судски советник, решавајќи по тужбата на тужителот Оливер Андонов од Скопје, за поништување на Одлуката на Државната комисија за спречување на корупција Бр.12-5722/3 од 05.09.2017 година, по основ на оценка за непочитување на одредбата од член 8-а од Изборниот законик, советот на нејавната седница одржана на 20.09.2017 година, едногласно донесе Пресуда Урп.бр.129/2017 со која тужбата на тужителот Оливер Андонов од Скопје, за поништување на Одлуката на Државната комисија за спречување на корупција Бр.12-5722/3 од 05.09.2017 година со која бил одбиен Приговорот на тужителот против Одлуката на Управниот Одбор на Јавното Претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје ЈАСЕН од Скопје Бр.02-1481/1 од 11.08.2017 година за разрешување од функцијата на Вршител на должност, донесена со непочитување на одредбата од членот 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Одлуката на Државната комисија за спречување на корупција Бр.12-5722/3 од 05.09.2017 година СЕ ПОТВРДУВА.
Донесената одлука во целост ќе биде објавена најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение.