СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  30.3.2019
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите Мустафа Шахини како претседател на советот, Весна Јовановска и Габријела Михајловска – членови на советот, со записничарот Димитар Радичевски – виш судски соработник, решавајќи по тужбата на тужителот Трговско-радиодифузно друштво 1 ТВ ДООЕЛ од Скопје, поднесена преку полномошникот – адвокат Иво Савиќ од Скопје, за поништување на Известувањето-Одлуката на Државната Изборна Комисија на Република Северна Маакедонија Бр.09-615/2 од 22.03.2019 година, по основ на платено политичко рекламирање за „Претседателските избори 2019 година“, на нејавна седница на советот одржана на 29.03.2019 година донесе

С О О П Ш Т Е Н И Е   З А   Ј А В Н О С Т А

 

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите Мустафа Шахини како претседател на советот, Весна Јовановска и Габријела Михајловска – членови на советот, со записничарот Димитар Радичевски – виш судски соработник, решавајќи по тужбата на тужителот Трговско-радиодифузно друштво 1 ТВ ДООЕЛ од Скопје, поднесена преку полномошникот – адвокат Иво Савиќ од Скопје, за поништување на Известувањето-Одлуката на Државната Изборна Комисија на Република Северна Маакедонија Бр.09-615/2 од 22.03.2019 година, по основ на платено политичко рекламирање за „Претседателските избори 2019 година“, на  нејавна седница на советот одржана на 29.03.2019 година донесе решение УРП.бр.16/2019 со кое тужбата на тужителот Трговско радиодифузно друштво 1 ТВ ДООЕЛ Скопје, за поништување на Известувањето-Одлуката на тужениот орган – Државната Изборна Комисија на Република Северна Македонија Бр.09-615/2 од 22.03.2019 година и прифаќање на Ценовникот на тужителот, со што на истиот ќе му се овозможи да учествува во платеното политичко рекламирање за изборната кампања за претседателските избори за 2019 година и да користи финансиски средства на платено политичко рекламирање обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, како и казнување на тужителот за сторениот прекршок согласно член 181-а алинеја 5, а в.в. со член 75-ѓ точка 3 од Изборниот Законик, СЕ ОТФРЛА

Донесеното решение во целост ќе биде објавено најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение. 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_