СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 17.05.2024 година во 17:00 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр. 90/24, оформен по тужба поднесена од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024, против Решение број УП1 10-17/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, ја донесе и јавно ја соопшти изреката на одлуката
Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ предводена од Демократска унија за интеграција (Движење на Народот-ДН, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија ЕДП, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз-БДС) Изборна кампања 2024-застапувана од овластено лице Ејуп Рустеми поднесена против Решението на Државна изборна комисија на Република Северна Македонија УП1 10-17/2 од 14.05.2024 година, за резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на пратеници на Собранието на Република Северна Македонија, за избирачко место 1202 Општина Крушево , СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini