Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

Надлежност на судот

Управниот суд, заради обезбедување судска заштита на правата и правните интереси на физичките и правните лица и заради обезбедување на законитоста, во управни спорови одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата, други државни органи, општините и градот Скопје, организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања), кога решаваат за правата и обврските во поединечни управни работи, како и за актите донесени во прекршочна постапка. Конкретно, Управниот суд е надлежен да решава:

 - за законитоста на поединечните акти донесени во изборната постапка и на поединечните акти за избори, именувања и разрешувања на носители на јавни функции, ако тоа е определено со закон, како и за актите за именување, назначување и разрешување на раководни државни службеници, ако поинаку не е определено со закон,

- за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата и носителите на јавни овластувања, донесени во форма на пропис, ако тие ги уредуваат поединечните односи,

- за спор што ќе произлезе од спроведувањето и извршувањето на одредбите на концесиските договори, договорите за јавни набавки кои се од јавен интерес и за секој договор во кој една од страните е државен орган, организација со јавни овластувања, јавно претпријатие, општините и градот Скопје, склучен од јавен интерес или заради вршење јавна служба (управен договор),

- против поединечни акти на органите на државната управа, Владата, други државни органи, општините и градот Скопје, организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања), кога за решавање во втор степен против таквиот акт, не е обезбедена друга правна заштита и

-одлучува за судир на надлежности меѓу органите на Републиката, меѓу општините и градот Скопје, меѓу општините на градот Скопје и по споровите настанати за судир на надлежности меѓу општините и градот Скопје и носителите на јавни овластувања, ако тоа е предвидено со закон, доколку со Уставот или законите не е предвидена поинаква судска заштита.

За извршување на работите од својот делокруг, Управниот суд користи два ката од зградата што се наоѓа на ул. Орце Николов б.б. во Скопје

ИСТОРИЈАТ
Стандардниот пасус Б
Стандардниот пасус В

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Новости  | 22.3.2024
    УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Лидија Ивановска како претседател на советот,д-р Едита Насковска и Газменд Фејзуљи,членови на советот, со записничар Биљана Димовска, помлад судски соработник, одлучувајќи по тужба на тужителот Елица Атанасовска Стојаноска од Скопје со адреса Мијачка број 19 со привремен престој во Франција, Париз, без адреса, изјавена против решението бр. УП1 12-313 од 20.03.2024 година на тужен орган РСМ Државна изборна комисија на Република Северна Македонија, за запишување во Посебниот извод од Избирачкиот список за гласање во Дипломатско конзуларно претставништво во Париз, Франција број 313, вон јавна расправа, на ден 22.03.2024 година, согласно со член 51 став 3 од Изборниот законик, едногласно донесе пресуда Урп.бр.63/2024 со која [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Новости  | 21.3.2024
    По пат на ждрепка се формираа совети за одлучување по тужбите во врска со распишаните избори за Претседател на РСМ и избори за пратеници во Собранието на РСМ и тоа во следниот состав [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Новости  | 07.3.2024
    УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Марта Телегравчиска - претседател на советот, Рамије Цара и м-р Ѓоко Живковски - членови на советот, со записничар Анета Стевановиќ - виш судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот Николче Николески од Охрид со привремен престој во Република Словенија, против решението на Државна изборна комисија на Република Северна Македонија Бр.УП1 12-412 од 06.03.2024 година, за запишување во посебниот извод од Избирачкиот список за гласање во Дипломатско конзуларно претставништво бр.412 од 06.03.2024 година, на нејавна седница на советот одржана на ден 07.03.2024 година, согласно со член 51 став 3 од Изборниот законик, донесе решение УРП.бр.61/2024 [повеќе]

Сите вести