Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 18.9.2023 година, одлучуваше по приговорите поднесени од двајца судии на Основниот граѓански суд Скопје, тројца судии на Основниот Кривичен суд Скопје и еден судија на Основниот суд Струмица, кои од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија, непосредно по нивниот избор за судии, беа времено упатени за вршење на судиската функција во основните судови во други градови низ државата.
[повеќе]
Донесувањето на законски измени кои потенцијално би влијаеле врз судските постапки без транспарентен процес на јавна дебата и стручна расправа е спротивно на заложбите за реформи на законодавството во согласност со европските стандарди, вели во интервјуто за „Дојче Веле“, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.
[повеќе]