Сите вести [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

Година
Категорија

  • Новости  | 12.6.2019 | 

    СООПШТЕНИЕ

    Записник од заедничката средба на Врховниот суд на Република Северна Македонија и апелационите судови на тема - Воедначување на примена на законите и судска практика „Концепт за работа и усогласување“, одржана на 07 март 2019 година. [повеќе]
  • Известувања  | 12.6.2019 | 

    Известување за јавна седница

    Врховниот суд на Република Северна Македонија на 18.06.2019 година во 12 часот во Големата сала на кат I ќе одржи јавна седница по предметот Вкж2.бр.16/2019. [повеќе]
  • Новости  | 09.6.2019 | 

    Средба со претставник на Светска банка

    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 06 јуни 2019 година, оствари средба со претставник на Светска банка, г-дин Срѓан Свирцев, виш специјалист за јавен сектор. На средбата присуствуваа и м-р Фаик Арслани, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија и членови на кабинетот на претседателот. [повеќе]
  • Известувања  | 31.5.2019 | 

    Средба со коизвестители на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа

    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 30 мај 2019 година, оствари средба со г-ѓа Лисе Кристоферсен, Норвешка, Група на Социјалисти, Демократи и Зелени, г-дин Валериу Гилечи, Молдавија, Група на Европска народна партија - коизвестители на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа и г-ѓа Силви Афхолдер, секретар на Мониторинг комисијата. На средбата присуствуваше и м-р Фаик Арслани, судија кој го заменува претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и членови на кабинетот на претседателот. [повеќе]
  • Новости  | 31.5.2019 | 

    IX Конференција на претседателите на врховните судови од Централна и Источна Европа

    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски на покана на Врховниот суд на Република Словачка учествуваше во работата на Деветтата по ред конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа, која се одржа од 26 до 29 мај 2019 година во Братислава, Република Словачка. [повеќе]
  • Известувања  | 30.5.2019 | 

    Презентација на Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија во европските интеграции

    На покана на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, а поради службено отсуство на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, судијата кој го заменува претседателот, Фаик Арслани, присуствуваше на презентацијата на Извештајот на Европската Комисија за напредокот на нашата земја во европските интеграции за 2019 година, која се одржа во претседателската Вила Водно на 29 мај 2019 година. [повеќе]
  • Известувања  | 27.5.2019 | 

    СООПШТЕНИЕ

    Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 мај 2019 година, донесе решение по предметот заведен под Вкж1.бр.31/2019, со кое ги уважи жалбите на обвинетите М.Ц., А.С.и Х.Д., решението на Апелациониот суд Скопје го преиначи на начин што ги укина мерките куќен притвор и спрема обвинетите определи мерки на претпазливост - привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на друга патна исправа за преминување на државната граница на име на обвинетите, забрана обвинетите да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија и обврска еднаш неделно да се јавуваат во Основниот суд Скопје I Скопје, кај службено лице определено од судот. [повеќе]
  • Новости  | 10.5.2019 | 

    СООПШТЕНИЕ

    На покана на НЕ Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, г-ѓа Маја Жбогар и г-ѓа Дубравка Негре, шеф на регионалната застапеност на Европската инвестициона банка за Западен Балкан, претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, присуствуваше на свеченост по повод одбележувањето на 9 Mај - Ден на Европа, која се одржа во Изложбен центар Матка во Скопје. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 08.5.2019 | 

    Свечена церемонија за пречек на Папата Франциск во Република Северна Македонија

    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, заедно со останатите претставници на државниот врв и претставници на дипломатскиот кор, присуствуваше на официјалната свечена церемонија за пречек на Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост Папата Франциск, на која домаќин беше Претседателот на Република Северна Македонија, д-р Ѓорге Иванов, а се одржа на 07 мај 2019 година во претседателската резиденција. Неговата Светост Папата Франциск до македонските граѓани упати порака за мир, соживот и поголема љубов кон бога и кон луѓето, а неговата посета има огромно историско значење за Република Северна Македонија. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 25.4.2019 | 

    Известување за јавност

    Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија за разгледување на извештаите за работата на судовите за 2018 година. [повеќе]

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_