Сите вести
Вести
-
Соопштенија за јавност | 21.7.2014 |
Работна средба со Здружение на новинарите на Македонија одржана во Врховниот суд на Република Македонија
По иницијатива на Здружението на новинарите на Македонија во Врховниот суд на Република Македонија на 18 Јули 2014 година, се одржа работна средба на кој присуствуваа Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова и судијата д-р. Џемали Саити, а од страна на Здружението на новинарите на Македонија, Претседателот Насер Селмани и извршниот директор Драган Секуловски, со цел споделување на тековни искуства. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 30.6.2014 |
Претседателот на ВСРМ учествуваше на Конференција на Претседатели на Врховни судови на Централна и Источна Европа
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова во периодот од 22 јуни до 25 јуни 2014 година во Тбилиси, Грузија, учествуваше на Конференција на Претседатели на Врховни судови на Централна и Источна Европа. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 25.6.2014 |
Протоколарна посета на делегација на Правосудната академија на Република Турција на Врховниот суд на Република Македонија
Делегација на Правосудната академија на Република Турција за време на престојот во Република Македонија, во рамки на соработката со Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија, на ден 24 јуни 2014 година оствари протоколарна посета на Врховниот суд на Република Македонија [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 16.5.2014 |
Работен состанок со Стопанската комора на Република Македонија одржан во Врховниот суд на Република Македонија
По иницијатива на Стопанската комора на Република Македонија во Врховниот суд на Република Македонија на 15 Мај 2014 година, се одржа работен состанок на кој присуствуваа Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова и судиите Николчо Николовски, Мирјана Радевска Стефкова и Киро Здравев, а од страна на Стопанската комора на Република Македонија, Претседателот Бранко Азески и оперативниот директор м-р Елена Милеска Штребеска, со цел да се пренесат одредени забелешки на бизнис заедницата во нашата држава за искуствата во судските постапки при наплата на побарувања во должничко-доверителските односи и можните решенија за нивно надминување. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 15.5.2014 |
Соопштение за јавност
Врховниот суд на Република Македонија, испрати писмо за благодарност до Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија за обезбедените и доставени публикации од Германската Фондација ИРЗ, кои беа примени на 13.05.2014 година во Врховниот суд на Република Македонија. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 15.5.2014 |
Соопштение за јавност
Се известуваат сите медиуми дека од ден 15.05.2014 година, Врховниот суд на Република Македонија, за контакт со медиумите и новинарите го постави службеното лице Советник – Портпарол Маја Димитровска со телефонски број 076485836 и e-mail: maja.dimitrovska@vsrm.mk [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 15.5.2014 |
Протоколарна посета на Судии експерти од Соединетите Американски Држави во Врховниот суд на Република Македонија
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова на ден 14 мај 2014 година во протоколарна посета ја прими делегацијата судии експерти од САД, Судија Рикардо Хинохоса, Претседател на федералниот суд за Јужниот дистрикт во Тексас и поранешен претседавач на Комисијата за одредување на казни и Судија Артур Хантер, од Кривичниот суд од Орлеанс, Луизијана, кои преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ), во рамки на Амбасадата на САД во Република Македонија, престојуваа во Република Македонија со цел да го пренесат судското искуство во поглед на насоките за казнување и одредување на казните. На средбата присутвуваше и г-дин Марк Ласер, правен советник/директор на правната канцеларија на ИНЛ, при Амбасадата на САД. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 14.5.2014 |
Учество на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија на конференцијата на тема искуствата нa судиите од СAД
Учество на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија на конференцијата на тема искуствата нa судиите од СAД во поглед на насоките за казнување и одредување на казните [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 14.5.2014 |
Работна посета во Врховниот суд на Република Србија и Стопанскиот суд во Белград
Работна посета во Врховниот суд на Република Србија и Стопанскиот суд во Белград на тема креирање и хармонизација на судската пракса, структура на веб страна и критериуми за објавување на судските одлуки [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 13.5.2014 |
Претставници на ВСРМ учествува во I фаза од проектот „Национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам“ (НРА)
На иницијатива на Управата за финансиско разузнавање претставници на Врховниот суд на Република Македонија, судијата д-р Џемали Саити и вишиот судски соработник Надица Серафимовска учествуваа во подготвителна работилница, прва фаза на проектот за национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам (НРА), одржана од 07 до 09 мај 2014 година на која беше презентиран концептот на НРА и алатките за спроведување на НРА. [повеќе]