Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ДНЕВЕН РЕД
1. Расправа по Решение на Советот на Врховниот суд на Република Северна Македонија за одлучување по жалби.
2. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Снежана Станковиќ од Скопје.
3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Одделот за имотни спорови, спорови од мала вредност и семејни спорови, доставена преку Претседателот на Основен граѓански суд Скопје.
4. Давање мислење по предлог Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, доставен од Министерство за правда.
5. Расправа по иницијатива за утврдување на начелно правно мислење поднесена од Адвокатско друштво Доневски од Скопје.
6. Расправа по иницијатива за утврдување на начелно правно мислење поднесена од Адвокатско друштво Чичевалиев и Илијовски од Скопје.
7. Расправа по заклучок донесен на Општата седница одржана на 12.10.2021 година, по повод барање за давање на правно мислење поднесено од адвокат Ана Петровски од Скопје.
8. Расправа по заклучок донесен на Општата седница одржана на 12.10.2021 година, по повод барање за воедначување на судска пракса поднесено од Лидија Апостолова од Скопје.
По одржана расправа Општата седница:
По првата точка на дневниот ред донесе решение со кое предметот го врати на повторно постапување во Советот за жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија.
По втората точка на дневниот ред утврди начелно правно мислење кое ќе биде објавено на веб страната на судот.
По третата и шестата точка на дневниот ред донесе заклучок дека не произлегува потреба од донесување на начелно правно мислење и начелен правен став бидејќи нема невоедначена судска практика.
По четвртата точка на дневниот ред даде позитивно мислење по Предлог Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.
По петтата точка на дневниот ред донесе заклучок дека не се прифаќа поднесената иницијатива.
По седмата и осмата точка на дневниот ред донесе заклучок со кој поднесените иницијативи ги врати на разгледување и одлучување во Одделот за граѓански дела.