Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Соопштенија за јавност
|
07.9.2022
Врховниот суд на Република Северна Mакедонија ќе одржи Општа седница на ден 13.09.2022 година (вторник), со почеток во 13.00 часот, со следниот предлог на:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Снежана Станковиќ, адвокат од Скопје.
2. Расправа по правното прашање: „Дали рокот од 30 дена за поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка, согласно член 83 став 4 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96 од 17.05.2019 година) е преклузивен рок и како последица има отфрлање на барањето по истекот на тој рок или пак тој рок е само инструктивен рок и е наменет за подносителот за побрзо, поажурно и во разумен рок да ги поднесе прекршочните барања до надлежните органи“.
Врховен суд на Република Северна Македонија