Претседателката на Врховниот суд оствари посета на основните судови во Кичево и Крушево [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд оствари посета на основните судови во Кичево и Крушево

Новости, Соопштенија за јавност  |  07.6.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари посета на основните судови Кичево и Крушево.

Претседателката Адеми во рамки на посетите оствари средба со претседателката на Основниот суд Кичево, Флутурије Дервиши, и со ВД претседателот на Основниот суд Крушево, Ристо Сотиров.

На средбите се разговараше за проблемите со кои се соочуваат судовите од аспект на екипираноста со судискиот и стручниот кадар, унапредувањето на ефикасноста и ажурноста, потребата од нови капитални инвестиции и унапредување на функционалноста на судските згради и обезбедувањето на соодветна пристапност за граѓаните, потребата од континуираниот процес на архивирање на предметите, примената на информатичката технологија, унапредувањето на транспарентноста, потребата од интензивирање на средбите и состаноците за унапредување на судската практика.

Воедно, на средбите беше истакнато дека судовите низ државата мора да ја унапредуваат взаемната соработка и солидарност во прашањата кои се однесуваат на независноста и ефикасноста на судството.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, во следниот период ќе продолжи со работните посети на апелационите и основните судови од сите апелациони подрачја во Република Северна Македонија.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_