Врховниот суд утврди начелен став за акредитациите за медиумите во граѓанските предмети од јавен интерес
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Врховниот суд утврди начелен став за акредитациите за медиумите во граѓанските предмети од јавен интерес
Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија утврди дека при давањето одобрение за снимање или фотографирање по конкретен граѓански предмет од јавен интерес, потребно е да се води сметка за интересот и довербата на јавноста, согласно член 6 и член 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права.
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, како судија известител по конкретната Инцијатива за утврдување на начелен став и предлагач на начелниот став, истакна дека во судската практика постојат граѓански предмети, односно се водат парнични постапки за кои има изразен интерес од јавноста и претставуваат предмети од посебен јавен интерес, согласно уставните и законските начела на јавност и транспарентност, како и во согласност со принципите на Европската конвенција за заштита на човековите права.
Во оваа насока, Општата седница заклучи дека утврдувањето на начелниот став е во насока на заложбите за отвореното судство што има императивно значење во враќањето на довербата на јавноста, применувањето на практиката и стандардите на Европскиот суд за човековите права и во согласност со начелото на јавноста во судските постапки како уставно загарантирано начело.