Соопштение од одржана јавна седница по предметот ВКЖ1-29/24 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана јавна седница по предметот ВКЖ1-29/24

Соопштенија за јавност  |  13.6.2024
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната јавна седница на ден 12.06.2024 година одлучи по предметот ВКЖ1-29/24, оформен по жалба на обвинетиот С.А., изјавена преку бранителот Митко Солаков, адвокат од Скопје.

 

Советот за казниви дела при Врховниот суд, донесе решение ВКЖ1-29/24, со кое жалбата на обвинетиот С.А., изјавена против решението за продолжување на мерката притвор на Апелациониот суд Скопје КСЖ-469/24 од 21.05.2024 година, во кривичниот предмет што се води против обвинетиот поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, ја одби како неоснована и обжаленото решение во целост го потврди.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_