Работна средба со експерти на проектот WINPRO III во Врховниот суд на Република Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Работна средба со експерти на проектот WINPRO III во Врховниот суд на Република Македонија
Во текот на заедничката средба се разговараше за активностите кои се преземаат во рамки на проектот во насока на зајакнување на капацитетите за заштита на сведоците и соработниците на правдата, пред се во делот на заштитата при информирање на јавноста за судските постапки.
На средбата се дискутираше и за други актуелни прашања и проблеми поврзани со професионалните стандарди при известувањето за судските постапки, особено од аспект на заштита на сведоците, како и начинот на остварување на комуникацијата помеѓу судовите и медиумите. Притоа, беше укажано на значењето на навременото и објективно информирање на јавноста, како предуслов за остварување на начелото на јавност во работата на судовите и зголемување на довербата на граѓаните во судовите.
На крајот на средбата, беше искажана благодарност за соработката во претходниот период.