Работна средба со експерти на проектот WINPRO III во Врховниот суд на Република Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работна средба со експерти на проектот WINPRO III во Врховниот суд на Република Македонија

Известувања  |  29.10.2018
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на ден 26 октомври 2018 година, во просториите на Врховниот суд на Република Македонија, оствари работна средба со д-р Џоан Бојд и Су Корбет, експерти за медиуми на проектот WINPRO III, кој има за цел зајакнување на заштитата на сведоците во борбата против организираниот криминал, тероризмот и корупцијата.

 

      Во текот на заедничката средба се разговараше за активностите кои се преземаат во рамки на проектот во насока на зајакнување на капацитетите за заштита на сведоците и соработниците на правдата, пред се во делот на заштитата при информирање на јавноста за судските постапки.

 

       На средбата се дискутираше и за други актуелни прашања и проблеми поврзани со професионалните стандарди при известувањето за судските постапки, особено од аспект на заштита на сведоците, како и начинот на остварување на комуникацијата помеѓу судовите и медиумите. Притоа, беше укажано на значењето на навременото и објективно информирање на јавноста, како предуслов за остварување на начелото на јавност во работата на судовите и зголемување на довербата на граѓаните во судовите.

 

        На крајот на средбата, беше искажана благодарност за соработката во претходниот период.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_