Работна средба со група експерти за еколошка правда во рамки на проектот „Климатска и еколошка правда на Западен Балкан“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работна средба со група експерти за еколошка правда во рамки на проектот „Климатска и еколошка правда на Западен Балкан“

Новости  |  18.9.2025
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Африм Фидани, на 18 септември 2025 година, оствари работна средба со група експерти за еколошка правда составена од Ентела Пингули, Винсент Делбос, Рејчел Ганем и Жарко Хаџи-Зафиров, во рамки на проектот „Климатска и еколошка правда на Западен Балкан“, поддржан од Француската агенција за развој. На средбата присуствуваа и судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија Јелица Крстевска и д-р Џемали Саити.

   На средбата се дискутираше за процесот на спроведување на еколошката правда во Република Северна Македонија, за предизвиците, можностите и најдобрите практики за подобрување на имплементацијата на законодавството за заштитата на животната средина и справувањето со климатските промени.         

Претседателот Фидани ја потенцира важноста на улогата на Врховниот суд на Република Северна Македонија во обезбедување на единство во примената на законите од страна на судовите, за што Општата седница утврди Начелен став за остварувањето на правото на здрава животна средина преку обезбедување на судска заштита од незаконски акти и дејствија со кои се повредуваат уставно загарантираните права и слободи на човекот и граѓанинот, како и важноста од меѓу институционална соработка за заштита на правото на здрава животна средина.

            Експертите ја истакнаа потребата од континуирана едукација и обука на судиите и другите судски службеници за прашања поврзани со животната средина и климатските промени, со цел подобро разбирање и примена на релевантните правни инструменти.

Соговорниците изразија цврста посветеност за промовирање и унапредување на еколошката правда во Република Северна Македонија и продолжување на соработката за градење на посилна правна рамка за заштита на животната средина, правна сигурност, предвидливост и еднаквост пред законот за сите граѓани.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_