Средба со г-н Тибор Драшковиќ, експерт за поддршка на процесот на реформа на правосудниот систем [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со г-н Тибор Драшковиќ, експерт за поддршка на процесот на реформа на правосудниот систем

Risi  |  13 Qer 2018
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на ден 12.06.2018 година, оствари средба со г-н Тибор Драшковиќ, поранешен министер за правда, министер за финансии и државен секретар на Унгарија, експерт за поддршка на процесот на реформа на правосудниот систем, ангажиран во рамки на ИПА проектот „Поддршка за управување со ЕУ фондови“, во рамки на Компонента 1.

  На средбата се дискутираше за стратегијата за реформите во правосудниот сектор, дали истата ја отсликува волјата и визијата на судовите, улогата на Врховниот суд на Република Македонија во имплементирањето на стратегијата, процедуралните правила на судовите, како и условите за прием на слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија даде свое видување на состојбата во правосудството во периодот од независноста на државата, односот со извршната власт, со заклучок дека независноста на судовите треба да биде приоритет при спроведувањето на реформите, а предуслов за тоа е и финансиската независност на судството. Претседателот исто така укажа на неопходноста во спроведување на реформите да бидат вклучени релевантните фактори од правосудството, односно Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јавниот обвинител на Република Македонија, а предлозите на закони и други прописи со кои се уредуваат прашања од значење за работата на судовите, да се доставуваат на мислење на Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија.

            Средбата заврши со договор за продолжување на соработката и во иднина, за која цел Претседателот ќе определи судии на Врховниот суд на Република Македонија, кои ќе бидат вклучени во изготвување на процедуралните правила - Прирачникот за Судскиот деловник.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_