Претседателката на Врховниот суд ја извести Општата седница за посетите на сите пониски судови во државата
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд ја извести Општата седница за посетите на сите пониски судови во државата
Во таа насока, Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија го презентираше Извештајот од посетите на пониските судови, во кој се нотираат состојбите и проблемите и се даваат заклучни констатации и препораки.
Претседателката Адеми истакна дека општа констатација од извршените посети на апелационите и основните судови е дека судовите во Република Северна Македонија се соочуваат со бројни проблеми кои предизвикуваат сериозни реперкусии во работењето и дека потребно е преземање на итни мерки за надминување на нотираната состојба која е алармантна.
Во периодот од 26.04.2024 до 12.09.2024 година, претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, врз основа на законските надлежности и овластувањата утврдени во Судскиот деловник изврши посета на основните судови, на апелационите судови, на Управниот суд и на Вишиот управен суд.
Со посетите на судовите во Република Северна Македонија од страна на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија се овозможи непосреден увид на состојбите во судовите и информирање за проблемите со кои се соочуваат судовите и кои предизвикуваат реперкусии во нивното функционирање.
Воедно, посетите имаа за цел да се унапреди соработката помеѓу судовите во Република Северна Македонија, заснована на законските и меѓународни принципи за независност на судството од законски, функционален и финансиски аспект.
Извештаите од посетите ќе бидат објавени на веб страницата на судот.