С О О П Ш Т Е Н И Е [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

С О О П Ш Т Е Н И Е

Новости  |  30.11.2017
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски денес оствари средба со Амбасадорот Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.

За време на средбата се разменија мислења за тековните реформи во судството, со посебен осврт на постапката за измена на законите кои се од значење за работата на судовите, имајќи ги во предвид нотираните забелешки во Извештајот за Република Македонија за 2016 година на Европската Комисија и Препораките од групата од високи експерти за системските прашања за владеење на правото. Во текот на средбата Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија истакна дека потребно е активно вклучување на Врховниот суд на Република Македонија во реформскиот процес на судството, согласно неговата уставна и законска поставеност како носител на судската власт, со цел подобрување на состојбите во судството и владеењето на правото.

На крајот од средбата, беше искажана взаемна благодарност и констатирана потреба од редовно одржување на средби помеѓу Врховниот суд на Република Македонија и Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_