СООПШТЕНИЕ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ

Известувања  |  05.10.2018
Врховниот суд на Република Македонија денес, на ден 5 октомври 2018 година (петок), одржа итна Општа седница поради потребата да се избере нов член на советот, кој треба да одлучува во предметот заведен под РЖ.бр.2/18, оформен во Врховниот суд на Република Македонија по повод жалба изјавена против решението на Државната изборна комисија УП1-12-56 од 02.10.2018 година. Причината за избор на нов член на советот се наметна поради неоправданото отсуство на Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на Република Македонија, која е член на советот кој е надлежен да постапува по предметот, согласно автоматската електронска распределба на предметите.

         

          Имајќи ги предвид кратките рокови предвидени во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните („Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2005), на Општата седница по пат на ждрепка, избрана е Рахилка Стојковска, судија на Врховниот суд на Република Македонија, која ќе постапува како  член на советот кој ќе одлучува по изјавената жалба.

            Имајќи го предвид наведеното, по конкретниот предмет ќе постапува и по жалбата ќе одлучува советот во следниот состав:

1.Судија Николчо Николовски – претседател

2.Судија м-р Фаик Арслани – член

3.Судија Снежана Ѓорѓиеска Зекирија – член

4.Судија д-р Џемали Саити - член

5.Судија Рахилка Стојковска  - член

 

            За донесените одлуки по примените жалби судот ќе ја извести јавноста, а одлуките ќе бидат објавени и на веб страната на Врховниот суд на Република Македонија.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_