Соопштение за одржување на седница на Оддел за граѓански дела
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на седница на Оддел за граѓански дела
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 09.06.2025 година;
2.Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за мај 2025 година;
3. Продолжување со расправа заради воедначување на различната судска практика на советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија по правното прашање за застареност на барање за надомест на штета причинета со кривично дело кога кривичната пријава е отфрлена поради апсолутна застареност на кривично гонење;
4. Утврдување текст и усвојување сентенци по предметите Рев2-177/23 и Р-59/25;
5. Расправа заради воедначување на различна судска практика на советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија по правното прашање, дали ревизијата на замешувачот треба да се отфрли како недозволена согласно член 380 од Законот за парничната постапка во случај кога странката на која и се придружил замешувачот не поднела ревизија, или предметот да се врати административно, да се повика странката да се изјасни дали го прифаќа поднесениот правен лек, па ако не се изјасни или изјави дека не го прифаќа, ревизијата да биде отфрлена;
6.Разно;