Соопштение за одржување на седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  20.9.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи електронска седница на Одделот за граѓански дела преку платформата ZOOM на 27.09.2021 година (понеделник), со почеток во 12,00 часот, со следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 14.07.2021 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец јуни и јули 2021 година;

3. Разгледување на барањето на подносителот адвокат Драги Методиев од Скопје, за утврдување правно мислење по прашањата: Дали е дозволено тужените и должниците кон кои е донесено Решение за привремена мерка од надлежен суд, која трае до правосилното завршување на постапката, и со која им се забранува да го продаваат, отуѓуваат, да бараат предавање во владение, издавање под закуп или било кој друг начин да располагаат со недвижниот имот заведен во конкретниот имотен лист каде се истите запишани; Дали нотарот како повереник на судот има законска обврска да внимава по службена должност на прибелешката која е ставена во имотниот лист (решението за привремена мерка) и истиот да се воздржи од запишување на солемнизираната исправа во имотниот лист се додека трае судската постапка по донесеното решение за привремена мерка и истиот да не го оптеретува конкретниот предмет; и Дали спроведувањето на ваквите договори од страна на нотарот во конкретниот имотен лист и завршувањето и реализирањето на паричните побарувања, наведени во самите договори од страна на извршител, доведува до создавање на одредена правна несигурност кај тужителот и доверителот;

4. Разгледување на пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во случајот Проданов против Северна Македонија, апликација бр.73087/12 од 10.06.2021 година, Препораката на Бирото за застапување на Република Северна Македонија прeд судот за човекови права, во врска со дописот на Одделот за судска практика СПР.бр.18/21;

5. Разгледување и утврдување на сентенца по предметот:

- Рев1.бр.473/18;         

6.  Разно;

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_