Посета на слушател од Академијата за судии во Република Франција [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Посета на слушател од Академијата за судии во Република Франција

Новости  |  20.2.2019
Во дводневна посета на Врховниот суд на Република Северна Македонија, престојуваше г-ѓа Alice Proy, слушател на Академијата за судии во Република Франција.

За време на посетата, г-ѓа Proy оствари средба со Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, судиите Мирјана Радевска Стефкова и Рахилка Стојковска и се информираше за работата на Одделот за казниви дела и Одделот за граѓански дела.

Г-ѓа Proy присуствуваше и на редовно судење во Одделот за граѓански дела, како и на јавна седница на Одделот за казниви дела, каде имаше можност одблиску да се запознае со практичното функционирање на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_