ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Димитрие Димишковски е роден на 30 август 1936 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1960 година. Зад себе остави богата професионална кариера: бил судија на Врховниот суд на Република Македонија од декември 1979 година до јануари 1987 година, кога е избран за судија на Уставниот суд на Република Македонија. На 12 април 1995 година е избран за претседател на Врховниот суд на Република Македонија.
Ќе останат во вечно сеќавање неговата посветеност и стручност во раководењето со Врховниот суд, како и неговиот огромен придонес во унапредувањето на судската власт и развојот на правосудниот систем.
Неговата професионалност, интегритет и посветеност оставија траен белег во работата на Врховниот суд.
Нека му е вечна слава.
Со длабока почит,
Претседателот, судиите и вработените на Врховниот суд на Република Северна Македонија